Тажни сцени: Ибрахимовиќ плаче додека се збогува со својот пријател кој умира (ВИДЕО)

4481

Златан Ибрахимовиќ е познат како човек со камено срце и навистина ретко може да се види како покажува емоции. Сепак, тој вчера во една емисија покажа дека и тој е само од крв и месо и дека има емоции и кон своите вистински пријатели.

Ибрахимовиќ направи видео повик во емисијата каде што гостуваше неговиот голем пријател, новинарот Тијс Слегерс. Станува збор за еден од ретките новинари со кои шведскиот фудбалер е во пријателски односи. Тој му помогна при неговото пристигнување во Ајакс и Златан не го заборави тоа.

Тијс сега е на крајот од својот живот. Боледува од неизлечива болест (акутна леукемија) и за време на интервјуто не издржа и плачеше заедно со својот пријател.

„Тој беше мој единствен пријател кога бев млад и изгубен. Немав никој во Холандија. Потоа ме покани. Главно новинарите ми беа непријатели, но со него станав добар пријател. Тијс ми помогна и ми ја даде потребната поддршка. За него пишував и во мојата книга. Секогаш бев во контакт и секогаш ќе биде во моето срце“.

Тогаш солзите почнаа сами да течат по прошталната порака до голем пријател.

„Тијс, само сакам да ти кажам дека те сакам пријателе“, е пораката на Златан Ибрахимовиќ кој покажа дека е вистинска човечка големина.

ПретходноТрајковски во дресот на Феникс до 2025 година!
СледноАргентинецот стана хит на социјалните мрежи, постигна гол кој ретко се гледа (ВИДЕО)