Тренерот на Дортмунд: Како да го анализираме Челзи после тоа што го направи во преодниот рок

190

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ изјави дека подготовката за мечот од осминафиналето на ЛШ против Челзи му била ептен тешка после јануарските трансфери на лондонскиот тим. Челзи потроши повеќе од 300 милиони евра за нови играчи, меѓу нив даде неверојатни суми за украинскиот талент Михајло Мудрик и светскиот шампион со Аргентина Енцо Фернандес.
Терзиќ призна дека не можел да направи анализа на екипата која претрпе големи измени во текот на зимскиот период, па речиси да не ги знае слабите или силните страни.

Не е лесно да се анализираат работите генерално. Тие се откажаа од своите играчи и донесоа нови, силни играчи. Не се знае точно со каков состав ќе играат овде“, изјави Терзиќ на прес-конференцијата пред натпреварот.

Тој додаде дека „како и секогаш ќе се фокусираме на себе“.

По ждрепката ги гледавме нивните игри, но во преодниот рок тие добија многу нови играчи. Потоа го видовме официјалниот тимски список за Лигата на шампионите, но потоа следуваше трансферот на Жоао Феликс, на пример. Не знам како ќе играат. Ќе се подготвиме за секое сценарио“, рече тренерот.

Терзиќ ќе го нема на помош тинејџерот Јусуф Мукоко поради повреда, Мариус Волф се враќа во тимот, а Карим Адејеми исто така е во составот по отсуството поради казните во Бундес лигата и Купот на Германија.

Дортмунд ги доби сите шест меча по зимската пауза и сака победнички да продолжи и против Челзи.

ПретходноВлаховиќ и Ришарлисон во јуни во Реал, фановите разочарани…тие ги сакаат Мбапе и Халанд!
СледноКонкордија го претстави вториот Македонец во тимот – Петар Петковски