Оле Гунар Солскјер, играчката легенда на Манчестер Јунајтед од златното доба на тимот од “Олд Трафорд“, а подоцна беше и тренер на овој тим не само што го изненади туку и ги шокира фановите на овој клуб.
Имено тој призна дека бил голем фан на Ливерпул, големиот и епски ривал на Јунајтед.
„Во 80-тите години во Норвешка јас како дете секоја сабота го гледав Ливерпул на ТВ. Да, бев навивач на Ливерпул. Тогаш тој тим ги имаше Далглиш, Раш и останатите ѕвезди и факт дека беше подобар тим од Јунајтед во тоа време. Тешко ми е да го кажам ова, посебно тешко ми е како некогашен играч и тренер на Јунајтед, но така беше“ изјави Солскјер.
Ова е сосема спротивна изјава на Норвежанецот по онаа од 2016 година кога посочи дека отсекогаш бил фан на Јунајтед.