Чави им дал одмор пред Манчестер Ј., но играчите сами дошле на тренинг

277

Тренерот на Барселона, Чави одлучи да им даде слободен ден на играчите денеска за да можат соодветно да се опорават пред натпреварот против Манчестер Јунајтед во четврток, но дел од нив не го прифатија слободниот ден.

Осум играчи се откажаа од можноста да останат дома и самоиницијативно дошле на теренот за индивидуален тренинг, пишува „Мундо Депортиво“. Станува збор за Жорди Алба, Серхи Роберто, Феран Торес, Ерик Гарсија, Ансу Фати, Гави, Алекс Балде и Пабло Торе.

Покрај тоа, Серхи Бускетс и Усман Дембеле исто така пристигнале во базата за да продолжат со тренинзи за опоравување од повредите.

Утре Каталонците се враќаат со редовни тренинзи и главна подготовка за дуелот со Англичаните.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Дијаз носи водство за Милан, ПСЖ не дојде до голот на Баерн (М) (ВИДЕО)
СледноКизиќ го спаси Е. Пелистер: Битолчани „извадија“ бод против Агуаш Санташ