Шампионките први обезбедија место на Ф4 турнирот од Купот на Македонија

95

Одбојкарките на Работнички се првите патнички во полуфиналето на женскиот одбојкарски Куп на Македонија. Денеска во првиот од четвртфиналените натпревари, шампионките со максимални 3:0 славеа на дуелот со Вардар ЕМ. Останатите три пресметки од оваа фаза се закажани утре.

За утре се закажани и дуелите во четвртфиналето од машкиот Куп на Македонија. Најинтересно се очекува да биде на дуелот меѓу Шкендија и Работнички 47&22, но нема да биде ништо понеизвесно и на преостанатите три пресметки.

Завршниот Ф4 турнир од Купот и вод вете конкуренции ќе се одржи во периодот од 24 до 26 март.

Четвртфинале      (мажи)  

Струмица Никоб – Весна Пробиштип (среда, 17.00)

Шкендија – Работнички 47&22 (среда, 20.00)

ГОК Борец – Штип УГД (среда, 19.00)

Лирија – Универзитет во Тетово (среда, 19.00)

Четвртфинале (жени)

Работнички Скопје – Вардар ЕМ 3:0 (25:12, 25:19, 25:14)

Јанта волеј – Пелистер волеј (среда, 20.30)

Наковски волеј – Младост УГД (среда, 20.00)

Фит фан волеј – Вардар жени (среда, 16.30)

ПретходноЛШ: СТАРТНИ СОСТАВИ – Мбапе на клупа, ПСЖ почнува со Меси и Нејмар
СледноПеп Гвардиола: Се срамам поради тоа што го реков за Џерард, му се извинувам!