Јокиќ го излудуваше Адебајо, Ирвинг и Дончиќ постигнаа 69 поени – Далас поразен (ВИДЕО)

240

Никола Јокиќ одигра речиси совршен меч и го одведе Денвер по шестата победа во последните осум меча, вкупно 40-та оваа сезона со која остана на врвот на табелата во Западот.

Во триумфот над Мајами од 112-108 не запиша трипл-дабл, но имаше 27 поени, 12 скока и 8 асистенции без ниту една грешка. Од поле имаше 12/14, додека зад своето име немаше ниту една загубена топка.

Зад него беа Портер и Браун со вкупно 33 поени. На другата страна Џими Батлер постигна 24 поени, 10 скока и асистенции.

И не се само поените на Јокиќ, туку и неговите потези, едноставно беше нерешелива енигма за еден од неговите чувари, Адебајо.

„Не знам како да опишам. Игра доста споро, во свој ритам, мора да му признам дека е многу трпелив. Најважно е да не му се остава простор, но тоа е најтешкото“, изјави по мечот Адебајо.

Кајри Ирвинг го одигра првиот меч пред домашната публика во дресот на Далас, но повторно немаше среќа. И покрај неговата добра партија и на Лука Дончиќ, нивниот тим беше поразен од Минесота со 124-121.

Ирвинг беше стрелец на 36 поени, Дончиќ на 33, двајцата имаа по шест асистенции, но нивната партија не беше доволна за победа. Кај гостите Едвардс имаше 32 поени, Гоер запиша 21 поен и 14 скока.

Далас е на петото место на табелата во Западот со скор од 31/28, додека Минесота е осма со скор од 31/29.

Резултати: Шарлот – Атланта 144-138, Кливленд – Сан Антонио 117-109, Индијана – Јута 117-123, Филаделфија – Хјустон 123-104, Мајами – Денвер 108-112, Њујорк – Бруклин 124-106, Чикаго – Орландо 91-100, Оклахома – Њу Орлеанс 100-103, Далас – Минесота 121-124, Голден Стејт – Вашингтон 135-126, Портланд – ЛА Лејкерс 127-115.

ПретходноСуарез изведе слободен удар, па влета воена полиција (ВИДЕО)
СледноТрајковски во дресот на Феникс до 2025 година!