Во турска Анталија каде во текот на зимскиот период клубовите се подготвуваат за пролетната полуетапа, вчера дошло до масовна тепачка во која учествувале играчите на рускиот фудбалски клуб Шињик Јарослав и на украинскиот Минаи. Двата тима завршија во ист хотел, „Ројал Сегинус“ во Анталија, што очигледно не беше добра идеја.
Според информација од рускии извори, тепачката започнала кога неколку претставници на Минаи му пришле на директорот на Шињик и побарале да ја пее украинската химна. Тој им предложил на Украинците да излезат на улица и конфликтот да го средат како мажи, но персоналот на хотелот интервенирал и успеал да спречи конфликт.
Подоцна, неколку играчи на украинскиот клуб влегле воист лифт со играч
на Шињик и го претепале. Кога изглегле на катот од лифтот, Украинците ги пречекале група фудбалери на рускиот клуб, кои им се нафрлиле, по што избила масовна тепачка. Пероналот на хотелот веднаш повикал полиција, а интервенирала и брзата помош.