Суарез изведе слободен удар, па влета воена полиција (ВИДЕО)

5068

Тимот на Луис Суарез и натаму продолжува со победите, овој пат Гремио славеше против Авенида со 2:0. При постигнување на вториот гол мораше да интервенира воена полиција.

Суарез изведе слободен удар додека гостинските фудбалери се објаснуваа со судијата, неговиот соиграч Кристалдо стрелаше за 2-0, што пак дополнително предизвика револт кај противникот.

Гостинските фудбалери полудеа и го нападнаа судијата, поради што воената полиција влезе на терен. Снимките од Бразил покажуваат дека на теренот пристигнале многу полицајци со штитови кои го бранат судијата од играчите на Авенида.

Гремио е на првото место во регионалната лига со максимални 21 бод. 

ПретходноСпасен украински репрезентативец: Бил во клиничка смрт, неговото срце застанало три пати
СледноЈокиќ го излудуваше Адебајо, Ирвинг и Дончиќ постигнаа 69 поени – Далас поразен (ВИДЕО)