Ферари го претстави „СФ-23“ болидот за претстојната сезона во Ф1! (ВИДЕО)

254

Култниот тим на Ферари денеска во својата база во Маранело го претстави својот нов “СФ-23“ болид со кој во претстојната сезона во Формула 1 ќе оди по титулата, барем такви се најавите.

Секако дека прва цел е да може да му парира на Ред Бул, откако во минатата сезона беа направени неколку стратешки грешки.

Најважно за нас е што Ферари е во првите редови. Не е тајна дека минатата сезона имавме проблеми со моторот, но сега завршивме сериозна работа со новиот болид“ истакнаа од Ферари.

Инаку последната титула на тимот од Маранело беше онаа на Кими Раиконен во 2007 година, а последната конструкторска следната година.

И во новата сезона за Ферара ќе возат Шарл Леклер и Карлос Саинц.

ПретходноЖенската репрезентација на Македонија до 19.години ќе одигра два контролни меча со Кипар
СледноПријателска во Анталија: Силекс поразен од Торпедо Куташи!