По првите 45 минути на вечерашните пресметки од осминафиналето на Лигата на шампионите не видовме гол. И во Дортмунд и во Бриж бевме сведоци на повеќе шанси, но стрелците затаија.
На дербито меѓу Борсуија (Д) и Челзи, неколку извонредни шанси за гол имаше Жоао Феликс, кој еднаш ја погоди и пречката од домашниот гол, додека кај домашните најувабата шанса пред самиот крај на полувремето ја имаше Волф.
На дуелот во Бриж, гостите беа многу поблиску до водство. Гонзало Рамос и неговите партнери во нападот најмалку трипати се најдоа во гол-шанси, но ниту една не претворија во водство.