Срамен потег на Рамос: Бесот го истури врз фоторепортерите (ВИДЕО)

460

Серхио Рамос во текот на целата своја кариера е познат како прилично груб фудбалер, но никогаш не го покажал тоа премногу кон луѓето кои немаат никаква врска со фудбалскиот терен.

Сепак, очигледно е дека славата и парите навистина удираат од глава, па ароганцијата на познатите фудбалери од ден на ден се зголемува. Доказ за тоа е потегот на 36-годишниот Шпанец по мечот со Баерн.

По натпреварот фудбалерите на ПСЖ тргнаа пред навивачите да ги поздрават. Фотографите се обидоа да го овековечат тој момент и имаше доста гужва покрај трибините.

На Рамос не му се допадна што немаше простор. Најпрво удрил со лакт по грбот еден од фотографите кој си ја вршел работата и му рекол да внимава, а потоа гневот ќе го извади на друг.

Човекот се обиде да го помине Шпанецот во толпата. Фотоапартот бил во неговите раце и дошол во контакт со ѕвездата на ПСЖ, на која не му се допаднало што дошло до благ судар.

Рамос реши да реагира бурно. Тој брутално го оттурнал несреќниот човек и покажал сериозна количина на ароганција и дрскост.

Ваков потег на ѕвездата на ПСЖ не му требаше. Разбирливо е дека е лут поради поразот, но и овој човек дојде овде за да заработи за леб и воопшто не е фер да го спречи на ваков начин вообразена ѕвезда.

 

ПретходноКФСМ пријави само една млада селекција, Павловски прашува: Дали е ова е почеток на крајот на женската кошарка?
СледноНавивачите на Баерн воодушевија со порака во Париз: Билет 70 евра? Ние се уште не сме Нејмар!