Шмид и Твиберг со први златни медали на СП во алпско скијање

61

Денеска на Светското првенство во алпско скијање во Мербиел и Куршевел се одржаа трките во паралелен велеслалом во женска и машка конкуренција.
Во Мерибел се одржа женската трка и победничка е Марија Тереза Твиберг која и го донесе на Норвешка првото злато на ова СП и воедно си го освои своето прво злато на светските шампионати.
Среброто замина кај Швајцарката Венди Холденер, а бронзата кај уште една норвешка скијачка Теао Луис Стјернесунд.
Во машка конкуренција во Куршевел победи Александер Шмид. Германецот во големото финале беше подобар од Доминик Рашнер од Австрија кој заврши на второто место. Третото место односно бронзениот медал му припадна на Тимон Хауган од Норвешка.

..

ПретходноДобри вести за Османи пред дербито:Повредите се минато, Шкендија со Дориев и Хасани против Шкупи!
СледноФудбалски мерак: Хоризонт Турново изминатиот викенд беше организатор на турнир на кој учествуваа 260 фудбалерчиња! (ФОТО)