Пелистер никако да го фати ритамот оваа сезона, особено во вториот дел. Иако списокот на играчи е солиден и се потпишуваат нови имиња, сепак на теренот македонскиот вицепрвак изгледа далеку од очекувањата.
Во Европската лига, Пелистер запиша ново реми, против Агуаш Санташ, тим кого го совлада на гости во првиот дел, а синоќа пред своите навивачи за малку ќе останеше со празни раце.
Ларс Валтер по мечот беше разочаран и краток во анализата на мечот.
„Одигравме еден лош натпревар, разорачан сум. Мислам дека покрај лошото издание во нашата одбрана, потфрлија нашите клучни ракометари. Сакам да упатам честитки до Агуаш Санташ за одиграниот меч“, изјави Валтер.
Вилсон Дејвис потенцира дека мали детали го решиле мечот.
„Беше многу тежок натпревар за нас, противникот ни создаваше многу проблеми, особено во првото полувреме. Во вториот дел се адаптираме на играта, го фативме ритамот во одбраната и во нападот. Вистината е дека мали детали го решија мечот. Мислам дека фер е крајниот резултат. Мораме да тренираме напорно за да бидеме подобри во следните натпревари“.