Галтие добива отказ ако испадне од Баерн, ПСЖ го сака само Зидан!

551

Да ги имаш во тимот Меси, Мбапе, Нејмар, Рамос, Верати, Донарума и останатите ѕвезди на светскиот фудбал и да губиш во серија од три меча, да се браниш дома од Баерн цели 75 минути, е тоа го може само Кристоф Галтие. Дури сега газдите на ПСЖ се јадосуваат како тоа ги „откачија“ едни Тухел или Покетино за да го доведат некој си Галтие. Човекот се изгуби. Да, овој тренер е за Ленс, Лил, Ремс и останатите во Лига 1, но далеку е од тоа да води еден мега – тим како што се ПСЖ.

Она што вчера го одигра ПСЖ против Баерн беше срамно, како ли се чувствуваа шеикот Тани, газдата на клубот, и претседателот Ел – Келаифи во ложата, само тие си знаат.

Мизерна тактика, мизерен однос кон играта, играчите не знаат што да прават. Срамно. Тоа беше ПСЖ вчера против разиграните “баварци“ кои сепак не се во топ форма, а ако беа, каков ли ќе беше резултатот.

Токму затоа, барем според медиумите во Франција дека ПСЖ веќе бара нов тренер, а го сака само Зинедин Зидан и никој друг. Галтие ќе добие отказ ако не го мине Баерн Минхен, а тешко дека тоа ќе го стори ако се знае дека вчера во Париз беше 0:1.

Се смета дека со својот авторитет Зидан нема да дозволи Нејмар, Мбапе и останатите да прават тоа што сега го прават кај Галтие.

Зидан има контакти и со Реал Мадрид, но се чини дека поблиску е до “Паркот на принцовите“.

ПретходноОдбраната на Кизиќ во ТОП-5 одбрани на колото во ЕЛ! (ВИДЕО)
СледноСкандалозно: Ја обвинуваат Барса дека “купила“ човек од судиската комисија на Ла Лига!