Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на својот профил на Инстаграм, го понудил на аукција својот дрес од Наполи, потпишан од соиграчите со цел парите од продажбата да заминат како помош на настраданите во земјотресот во Турција. Тој објави и видео во која повикува на помош:
„Се обидувам да направам што можам. Покрај помошта која досега ја дадовме, планираме да донираме и од Наполи како тим и се надеваме дека тие средства ќе стигнат како донација во Турција што е можно побргу. Ја очекуваме и вашата помош“, изјави Елмас на турски јазик.
Елмас откри дека и други соиграчи како Осимен, Кварацхелија и Зјелински исто така ќе продадат свои дресови како дел од оваа хуманитарна акција.