Женскиот национален тим поразен од Замбија

526

Женската репрезентација на Македонија го загубија првиот натпревар на меѓународниот контролен турнир во Анталија. Избраничките на Кирил Изов беа поразени од селекцијата на Замбија со 1:0 со гол во 90. минута од мечот.

Македонија настапи во состав: Панчурова, Николовска, Недева, Панеска, Талевска, Велеска, Живиќ, Андонова, Максути, Милчевска. Рочи.

Следниот меч ќе биде против Бугарија на 18 февруари, а три дена подоцна ќе играат против Естонија.

 

ПретходноФК Пелистер ги прави последните подготовки пред стартот на вториот дел
СледноКолумна на Силвија Митевска: Го прогласувам спортот за мртов!