Во исклучително возбудлив меч со многу шанси, Борусија (Д) го победи Челзи со 1:0 во Дортмунд во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Првиот гол го видовме во 17. минута од натпреварот, но беше поништен поради офсајд. Тиаго Силва играше со рака по едно уфрлување, што судиите го санкционираа со жолт картон.
Големата борба и неколкуте зрели шанси за Жоао Феликс не успеаја на гостите да им донесат предност на полувреме.
Борусија се обидуваше главно преку контранапади, па токму од една таква ситуација и беше постигнат победничкиот гол.
Дортмунд поведе во 63. минута преку Адејеми, кој сам изведе контранапад, го измами Кепа и го постигна победничкиот гол на натпреварот. Фантастична шанса за израмнување имаше Лофтус-Чик во 78. Минута, но Емре Џан спаси израмнување на самата гол-линија.
KARIM ADEYEMI COAST TO COAST!!!!!pic.twitter.com/2gSchoVURw
— Football Report (@FootballReprt) February 15, 2023
Фудбалерите на Бенфика вечерва триумфираа на гости кај Клуб Бриж со 2:0. Победата на португалскиот гигант беше целосно заслужена со оглед на тоа што Бенфика беше подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот.
По оние 0:0 на полувреме, Жоао Марио со гол од пенал во 51. Минута ги донесе Португалците во водство, за во финишот од мечот Давид Нерес да го потврди успехот кој ја носи Бенфика на чекор од четвртфиналето.