Милвоки е во налет, го урна најдобриот тим во НБА-лига за 11 победа во низа (ВИДЕО)

107

И во ослабен состав, без Тејтум и Браун, Бостон му направи големи проблеми на Милвоки. Гостите се држеа до самиот крај, а многумина мислеа дека мечот е решен. Но, на седум секунди до крајот, Холидеј погоди две слободни фрлања за три поени разлика, на другата страна Хаусер погоди тешка тројка за 116-116 и продолжение во кое Бакси беа мирни од линијата за слободни фрлања и дојдоа до триумф од 131-125.

Ова беше 11 победа во низа за Милвоки, кој се наоѓа на второто место во Источната конференција зад Бостон, кој има триумф повеќе, поточно скор од 41/17.

Холидеј беше стрелец на 40 поени, зад него беше Јанис Адетокумбо со 36 поени, 13 скока и девет асистенции. На другата страна Вајт постигна 27 поени и 12 асистенции.

Резултати: Милвоки – Бостон 131-125 (прод.), Торонто – Орландо 123-113, Феникс – Сакраменто 120-109, ЛА Клиперс – Голден Стејт 134-124, Портланд – Вашингтон 101-126.

ПретходноНагелсман: Би било арогантно да се каже дека можевме да постигнеме уште еден гол!
СледноМбапе: Покажавме дека сме опасни!