Нагелсман: Би било арогантно да се каже дека можевме да постигнеме уште еден гол!

208

Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, Баерн во Париз го победи ПСЖ со 1:0. Пред три години овие клубови играа во финалето во Лисабон, а Баварците славеа со 1:0 со голот на Кингсли Коман. И овојпат со идентичен резултат славеше Баерн, а стрелец повторно беше Коман.

Баерн доминираше 80 минути, можеше и поубедливо да го казни ПСЖ, но на крајот може да биде среќен што ПСЖ не израмни на крајот од мечот. Со влегувањето на повредениот Мбапе, ПСЖ се разбуди и на крајот можеше да се избори за реми.

По натпреварот тренерот на Баварците Јулијан Нагелсман беше запрашан дали е задоволен само со минимална победа со оглед на прикажаната игра.

„Би било арогантно од моја страна да кажам дека можевме да постигнеме два или три гола. На крајот, важно е што не примивме ниту еден“, изјави Нагелсман, а потоа ја прокоментира промената на ритамот на игра со влегувањето на Мбапе:

„Мбапе може да промени секој натпревар. Неговото влегување ги разбуди парижаните. Играчите и навивачите. ПСЖ со Мбапе е многу подобар отколку без него. Но, за реваншот ќе знаеме како да го задржиме“.

ПретходноХауард Веб го суспендираше судијата кој призна гол од офсајд во Премиерлигата
СледноМилвоки е во налет, го урна најдобриот тим во НБА-лига за 11 победа во низа (ВИДЕО)