Објави пензија, па после две недели се премисли и потпиша за Интерсити

800

Поранешниот турски репрезентативец Емре Чолак на 27 јануари објави дека одлучил да се пензионира од фудбалот за две недели подоцна да објави дека има нов клуб и продолжува да игра фудбал.

„Го напуштам фудбалот. Им ги бакнувам рацете на сите што работеа со мене. Животот е краток и затоа сакам да го поминам со оние што ги сакам“, објавил Чолак.

Две недели подоцна, Чолак објави дека е рано да се повлече од професионалното играње на фудбал. Избрзал со донесувањето на одлуката и е погоден од трагедијата која ја снајде Турција.

Чолак денеска потпиша за шпанскиот второлигаш Интерсити од Аликанте. Претходно играл за Гезтепе, Башакшехир, Хатајспор, Карагумрук, Галатасарај и Депортиво Ла Коруња.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Многу шанси, ниту еден погодок
СледноШампионот славеше на „Емирати“ и се израмни со Арсенал на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)