Одлучено е што ќе се прави со фамозниот стадион „974“

414

Стадионот „974“ беше едно од поинтересните фудбалски арени во последната деценија, поради својот специфичен дизајн и фактот што е изграден од бродски контејнери и модуларен челик. По завршувањето на СП, организаторот на шампионатот одлучи да го размонтира стадионот и да го подари на некоја друга земја. Во игра беа Косово, Уругвај и Руанда, но на крајот одлучено бродските контејнери да бидат донирани во Турција и Сирија кои неодамна ги погоди страшен земјотрес. Тие ќе служат како привремен дом на оние кои останаа без покрив над главата, пренесуваат турски медиуми.
Инаку Катар во Турција и Сирија веќе испратил мобилни куќи кои служеа за прием на навивачите за време на СП во таа земја.

ПретходноЕлмас почна акција за помош на настраданите од земјотресот во Турција
СледноХари Кејн можел да заврши во Ливорно во 2013 година