Поради корупција: Уапсен е претседателот на Фудбалскиот сојуз на Кина!

78

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Кина, Чен Шујуан, е уапсен од власите во таа земја. Веста беше потврдена со кусо соопштение и тоа поради корупција и дека против него севоди истрага заради наводни незаконити дејанија.

Ова доаѓа по напорите на земјата, на властите во Кина по секоја цена нивната земја да стане фудбалска велесила, вложени се многу, многу пари, но ништо од тоа.

Сега во последно време тренд е и фудбалските клубови да згаснуваат иако до пред некое време имаа големи, астрономски буџети. Се купуваа играчи и тренери од Европа и Ј. Америка за милионски суми.

Но тоа не вроди со плод, Кина и во Азија остана како репрезентација остана во втор план, да не говориме на светско ниво.

ПретходноФеникс 2010 со две нови засилувања! (ФОТО)
СледноЧиро Блажевиќ погребан во загрепската „Алеја на великаните“