Реал не сака да му го продаде Дијаз на Милан, Шпанецот се враќа на „Бернабеу“

355

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија и Италија, 23-годишниот Брахим Дијаз, кој од летото 2020 година е на позајмица во Милан од Реал Мадрид, по завршувањето на сезоната сигурно ќе се врати во „кралскиот“ клуб.

Се споменуваше дека постои клаузула според која офанзивниот играч за врска би можел да биде откупен од Милан за 22 милиони евра, но таа опција очигледно не постои.

За судбината на Дијаз се прашува само Реал Мадрид, а актуелниот европски шампион решил да го задржи Шпанецот и да му даде шанса да се наметне следната сезона. Навивачите на Милан негодуваат, особено ако се знае дека Дијаз годинава е еден од најистакнатите во тимот на Пиоли, а и синоќа донесе победа на првиот осминафинален меч од ЛШ против Тотенхем.

ПретходноПромени во бразилскиот фудбал – тешки казни за клубови поврзани со расизам и дискриминација
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Многу шанси, ниту еден погодок