Фудбалерите на реал (М) имаа само полесен тренинг на денешниот меч од 21. коло на шпанската Ла Лига. На домашен терен „кралевите“ го прегазија Елче со 4:0 и дојдоа до три бода со кои ја намалија негативата во однос на лидерот Барселона на 8 бода.
Момците на Анчелоти од првата минута знаеја што сакаат, па по само 8 минути игра со голот на Марко Асенсио Реал веќе имаше предност од 1:0. До полувремето видовме уште два гола во гостинската мрежа, и двата по досидени пенали.
Сигурен егзекутор на најстрогата казна и во двата наврати беше најдобриот стрелец кај реал, Карим Бензема во 31. и 45. минута.
Во вториот дел Реал го контролираше мечот, а четвртиот гол за конечни 4:0 беше дело на хрватскиот ветеран Лука Модриќ во 80. минута.
Standings provided by Sofascore