Уникс и го нанесе вториот пораз на ЦСКА; Димитријевиќ прв стрелец!

168

Третата македонската пресметка во ВТБ-лига му припадна на Ненад Димитријевиќ, со својот Уникс Казан му го нанесоа вториот пораз на Емил Рајковиќ оваа сезона. Македонскиот репрезентативец и неговиот тим пред своите фанови по продолжение славеа со 112-1-4.

Димитријевиќ средбата ја заврши со 24 поени, еден скок, три асистенции и една украдена топка. Тој имаше 2/8 за три поени, 6/9 за два поени и 6/6 од линијата за слободни фрлања.

ЦСКА добро го почна мечот, имаше пет поени предност, која домаќинот брзо ја стопи и по првата четвртина поведе со 21-20. Но, тука не застана одигра одлична втора четвртина која ја доби со 34-18 и на одморот замина со предност од 55-38. Во овој дел Димитријевиќ имаше 11 поени.

Избраниците на Емил Рајковиќ третиот период го добија со 21-29, па мечот влезе во нешто понизвесна завршница. Со серија од 8-0, ЦСКА доближи на 80-78, па на 88-85, по неколку промашување на двете страни, гостите намалија на 88-87. И тука почна вистинска драма. Димитријевиќ постигна два поени за 92-89, но на другата страна Давидовац со тројка изедначи на 92-92. Уникс не реализираше, мечот се решаваше во продолжение.

Нено во продолжението постигна девет поени, Уникс не дозволи победата да им се лизне од раце. Заслужено се радуваа на крајот.

ПретходноЛШ – СТАРТНИ СОСТАВИ: Бенфика со испробани сили кај Бриж, Дракслер и Гуедес на клупа
СледноРамон Менезес го презеде кормилото на Бразил