Целје пропушти голема шанса да приреди сензација и да ја совлада Барселона на домашен терен. Гостите беа во речиси губитничка ситуација, но Нилсен го подигна тимот за триумф од 27-28. Мем и Ване со пет гола беа први стрелци кај Барса, на другата страна Мргуч имаше осум погодоци.
Сите очекуваа лесна победа на каталонскиот гигант, а на теренот го видовме спротивното. Домашниот тим, предводен од екс-вардарецот, Алем Тоскиќ уште во првото полувреме најави дека ова ќе биде интересен меч.
Целје до пред одморот водеше со 15-11, Барса намали на 15-12. Доминацијата на Целје продолжи и во вториот дел, во кој што каталонскиот тим имаше негатива од три до четири гола. Во последните пет минути домаќинот направи серија на грешки, но Гарбешек беше одличен.
Нилсен го подигна тимот, Мем со два гола и Гомез Абељо успеаја да и донесат победа на Барсал ос 27-28.
По поразот од Кил во минатото коло, Кјиелце им се врати на победите, на домашен терен го совлада Алборг со 33-28. Полскиот тим триумфот го обезбеди во второто полувреме во кое апсолутно доминираше. Дојде лесно на плус шест (25-19) и до крајот без проблем го контролираше резултатот.
Во истата група Б, Елверум на домашен терен беше убедливо совладан од Нант со 36-42. За францускиот тим ова беше седма победа оваа сезона и засега се наоѓа на третото место, дали ќе остане ќе одлучи Кил.