Фудбалерите на Манчестер Сити славеа над Арсенал на „Емирати“ со 3:1 во одложениот натпревар од 12. коло на англиската Премиер лига и успеаја да се израмнат со „топчиите“ на врвот на табелата.
Дербито донесе одличен фудбал, многу возбудувања, а на крајот исклучително вредна победа за „граѓаните“.
Манчестер Сити поведе со голот на Кевин Де Брујне во 24. минута, по една голема грешка на Томијасу. Арсенал успеа да израмни до крајот на полувремето, откако во 40. Минута, судијата Тејлор покажа на белата точка, а Сака погоди за 1:1.
Второто полувреме помина во апсолутна доминација на актуелниот шампион Манчестер Сити. „Граѓаните“ беа подобар ривал на „Емирати“ и тоа им донесе победа со два убави гола на Грилиш и Халанд. Првиот погоди во 72. минута, а Норвежанецот ја запечати победата со гол во 82. минута.