Арсенал ќе „пука“ по “граѓаните“: Артета или Пеп? Вечерва се игра најважниот меч сезонава во ПЛ! (ФОТО+ВИДЕО)

279

Вечерва од 20:30 часот на “Емирејтс“ се среќаваат Арсенал и Манчестер Сити, во заостанатиот меч од 12.коло во Премиерлигата. Јасно е дека ова ќе биде битка меѓу Микел Артета и Пеп Гвардиола, кој некогаш заедно работеа во Сити.

Јасно е дека „топчиите“ ќе „пукаат“ по “граѓаните“ и во случај на победа математички може да дојдат до +9 бода, ако се знае дека имаат и меч помалку од својот ривал за титулата.

Но, исто така јасно е дека Арсенал е во мала криза, а Сити е во налет. Сепак кога се игра вакво дерби, кога титулата е во прашање ништо однапред не се знае.

Во Арсенал имаат и мотив повеќе по оние судиски скандали на нивна штета, кога им беа “одземени“ неколку бода.

Во пресрет на овој меч Арсенал е прв со 51 бод од 21 меч, додека Сити е втор со 48 бода од 22 меча.

Е, па, вечерва е време за „атомски фудбал“ во Лондон, на „Емирејтс“.

Image

ПретходноСкандалозно: Ја обвинуваат Барса дека “купила“ човек од судиската комисија на Ла Лига!
СледноДоминира црната боја: И Мерцедес го претстави болидот за претстојната сезона во Ф1! (ФОТО-ВИДЕО)