Бесниот Артета направи шоу на пресот пред дербито на сезоната!

546

Вечерва на „Емирати“ ќе се одигра еден од најважните натпревари оваа сезона, а тоа е дербито помеѓу Арсенал и Манчестер Сити.

Со победа Арсенал би имал многу подобра предност во остатокот од сезоната во однос на директниот ривал за првото место во Премиер-лигата. Од друга страна, пораз навистина би ги уназадил, а потоа би се видела голема борба за титулата и двете екипи ќе го чекаат киксот на ривалот.

Со оглед на начинот на кој Арсенал имаше судење оваа сезона, се чини дека битката многу добро може да оди по патот на Манчестер Сити.

Имено, минатиот викенд Арсенал ремизираше со Брентфорд на домашен терен, но судијата од ВАР-собата направи неверојатна работа, па прими гостински гол кој не беше регуларен.

Мејсон заборавил да ги подвлече линиите за офсајд при прегледување на лентата од израмнувачкиот гол, а голот на крајот беше доделен.

„Бесни сме и разочарани откако ја анализиравме ситуацијата“, изјави Артета на новинарите пред натпреварот со Манчестер Сити.

Направени се обиди се да се препише на човечка грешка, но Артета не мисли дека тоа е така.

“Тоа не беше човечка грешка. Тоа е неразбирање на работата што ја работите. Тоа е навистина неприфатливо. Не чинеа два бода кои нема да ги вратиме. Ќе мораме да ги освоиме тие бодови на друг натпревар”, рече Артета. , додавајќи:
„Ќе бидам задоволен само ако ми ги вратат двата бода, а тоа нема да се случи. Сите грешиме, но ова беше нешто друго“, заврши Артета.

Арсенал моментално е на првото место и има 51 бод, додека Манчестер Сити е на второто место со натпревар помалку, но и три бода помалку.

ПретходноЖенската А репрезентација на Македонија учесник на турнир во Аланија
СледноСинот на Леброн повикан во репрезентација!