ЛШ-1/8 финале: “Милионерите“ на мегдан со “милијардерите“ од Лондон, Бенфика на гости кај Клуб Бриж!

98

Вечерва продолжуваат возбудувањата од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Повторно два меча, и повторно почетокот е од 21 часот.

Секако дека дербито на денот е дуелот на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, каде Борусија го дочекува “новиот“ Челзи. Ако домашните се нарекуваат „милонери“, тогаш како би се нарекувале гостите, пребогатиот клуб од Лондон, веројатно “милијардерите“.

Нема фаворити, посебно не ако се знае дека Дортмунд во оваа 2023 игра добро, додека тимот на Греам Потер не може уште да го фати победничкиот ритам.

Image

На вториот меч до денешната програма, во Бриж се среќаваат Клуб Бриж и Бенфика, силната, моќната Бенфика која сега мора да игра без Енцо Фернандез која го продаде во Челзи пред две недели за рекордни 121 милиони евра.

Секако дека Португалците се во предност, поради својот квалитет пред се, а и поради тоа што реваншот се игра на нивни терен во Лисабон.

ПретходноНова успешна приказна: Таеквондо федерацијата доби голем партнер – Алкалоид (ФОТО)
СледноОдбраната на Кизиќ во ТОП-5 одбрани на колото во ЕЛ! (ВИДЕО)