Снајдер: Срамно, само Тадиќ не сакаше да носи капитенска лента за народот во Турција и Сирија!

4131

Веќе извесно време Душан Тадиќ, капитенот на Ајакс е на удар на некогашни големи ѕвезди на најславниот клуб од Холандија. Посебно Весли Снајдер, екс соиграчот на Горан Пандев од времето кога Интер дрмаше во светот на фудбалот. Некогашниот играч за врска и капитен на Холандија повторно го “оцрни“ Србинот.

Имено според Снајдер, само Тадиќ не сакал да носи капитенска лент со поддршка за народот во Турција и Сирија, и со тоа да даде почит за настраданите во земјотресот во тие две земји. Ова Снајдер го кажа исполнет со емоции, ако се знае дека тој дел од својата кариера играше и во Турција, во Галатасарај.

Срамно. На сите мечеви викендов во нашата елита Лига, само Душан Тадиќ не сакаше да носи капитенска лента со која ќе оддаде почит за народот во Турција и Сирија“ кажа Снајдер.

Сепак приказната може била и понаква. Имено одредени медиуми пишуваат дека Тадиќ не е виновен, дека тоа е одлука на самиот клуб, на Ајакс.

Сепак кој е да виновен, јавноста во Турција е гневна и на Тадиќ и на Ајакс.

Така голем клуб а со такво примитивно однесување.

Во текот на денот се јави и Тадиќ со порака на социјалните мрежи:

“Настаните во Турција и Сирија длабоко ме шокираа. Моите мисли се со луѓето кои ги загубија своите најблиски и своите сакани во оваа трагедија“.

Image

ПретходноРусинот Махачев со измама го победил Александар Велики Волкановски!?
СледноФеникс 2010 со две нови засилувања! (ФОТО)