Феникс 2010 со две нови засилувања! (ФОТО)

196

Марјан Јанески и Илајџа Џоинер се нови кошаркари на Феникс 2010. Поранешниот репрезентативец на Македонија и Американецот доаѓаат во овој клуб од составот на Куманово и ќе бидат засилувања кои ќе дебитираат на престојниот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“.

May be an image of 9 people and text that says 'ZISKO GIVOVA FENIKS 2010 SRaang 14 5 WELCOME Marjan Janeski'

Крилниот центар кој оваа сезона настапи на 15 натпревари во „сино-белиот“ дрес на кои во просек бележеше 14.6 поени и 7.2 скока, со себе носи и пребогато искуство настапувајќи покрај во Куманово и во Гостивар, Работнички, Торус и МЗТ Скопје и ќе биде од голема помош не само на самиот терен, туку и за младите талентирани кошаркари.May be an image of 9 people, people playing sports and text

Американецот пак кој во колеџ кариерата бележи настапи за Универзитетот Тулса и Ајона оваа сезона настапуваше и во Кипар, а одигра и три натпревари за македонскиот прволигаш каде во просек бележеше 14.7 поени, 5.3 скока и 5.3 асистенции.

ПретходноСнајдер: Срамно, само Тадиќ не сакаше да носи капитенска лента за народот во Турција и Сирија!
СледноПоради корупција: Уапсен е претседателот на Фудбалскиот сојуз на Кина!