Хари Кејн неодамна стигна до 267 гол во дресот на Тотенхем и со тоа стана најдобриот клупски стрелец на сите времиња. Англискиот репрезентативец прерасна во расен стрелец во лондонскиот клуб, а потекнува од младинската школа на „Спарси“.
Од Италија ни доаѓа информација дека Кејн можел да заврши во италијански клуб доколку двете страни се договориле за трансфер.
Во 2013 година Ливорно се спремал за промоција во Серија А и на англискиот пазар барал играчи за да ги засили своите редови. Тогаш Ливорно можел да купува и продава играчи, имал добар буџет за трансфери. А им бил понуден Хари Кејн. Тогаш напаѓачот чинел 500.000 евра и имал три гола во 10 меча за „Спарс“ во првата сезона.
„Точно е дека ни беше понуден Хари Кејн во 2013 година. Се спремавме за сезона во Серија А и баравме играчи. Балдини ни го спомна Кејн. Ни кажа информации за него и дека би бил добро засилување. Сепак, никогаш не ги почнавме преговорите со Тотенхем“, изјави поранешниот тренер на Ливорно, Алдо Спинели.
Ливорно падна во тешка криза поради која се соочи со банкрот. Сега клубот е во Серија Д (четвртата по ранг лига).