ЛК: Трабзон и Барди го совладаа Базел, а Фиорентина веќе се спрема за 1/8 финале

452

Екипата на Трабзон го совлада Базел со 1:0 во првиот меч од 1/16 финалето во Лигата на конференции. Во меч исполнет со многу емоции и фантастична кореографија на трибините, тимот на Трабзон успеа да победи со голот на Стригер Ларсен во 65 минута.
Данскиот играч за врска влезе на почетокот на второто полувреме и ја донесе победата. Во 78 минута Трабзон постигна уште еден гол кој беше поништен поради офсајд.
Македонскиот интернационалец Енис Барди го преседе целиот меч на клупата.

А Фиорентина веќе може да се спрема за осминафинале. „Виолетовите“ вечерва славеа со 4:0 на гостувањето кај Брага. По два гола постигнаа Лука Јовиќ и Артур Кабрал.

РЕЗУЛТАТИ
БОДО/ГЛИМТ – ЛЕХ       0:0
БРАГА – ФИОРЕНТИНА 0:4
КАРАБАХ – ГЕНТ               1:0
ТРАБЗОН – БАЗЕЛ            1:0
АЕК ЛАРНАКА – ДНИПРО            21:00 ч.
ЛАЦИО – КЛУЖ                21:00 ч.
ЛУДОГОРЕЦ – АНДЕРЛЕХТ          21:00 ч.
ШЕРИФ – ПАРТИЗАН      21:00 ч.

 

ПретходноЛЕ: Реми со четири гола меѓу Барса и Јунајтед, а Рома поразена во Салцбург (видео)
СледноКУП НА МАКЕДОНИЈА: ТФТ го елиминира Работнички – си закажа полуфинале со МЗТ (ФОТО)