Ракометарите на актуелниот германски шампион Магдебург славеа победа над унгарски Веспрем со 32-25 и го заземаа второто место на табелата со 16 бодови, исто колку и Унгарците, но бундеслигашот има подобар меѓусебен скор. А второто место обезбедува директен пласман во четвртфинлето на ЛШ, додека Веспрем, ако остане ваква ситуацијата на табелата во наредните две кола, ќе мора да игра и осминафинале.
Најдобар стрелец кај Магдебург беше Смитс со девет гола, Вебер постигна седум, а голманот Портнер се истакна со 15 одбрани. Кај Веспрем Нилсон и Штрлек постигнаа по пет голови.
А ПСЖ ја оправда фаворитската улога против Динамо Букурешт и победи со 33-26, а претходно Сегед го совлада Кил со 36-33.
Speechless. Simply speechless. 🤐😱
@SCMagdeburg securing victory in style ✅ #ehfcl | #HandmadeHistory | #MOTW pic.twitter.com/SbPpJzE4Xl— EHF Champions League (@ehfcl) February 16, 2023