Филип Арсеновски кариерата ќе ја продолжи во Амичитија Цирих!

244

РК Еурофарм Пелистер 2 ја информира јавноста дека ракометарот Филип Арсеновски во иднина ќе го носи дресот на швајцарскиот клуб Амичитија Цирих. Клубот и ракометарот дојдоа до коректен спогодбен раскин, иако Арсеновски имаше договор и за остатокот на сезоната. Арсеновски дојде во Еурофарм Пелистер 2 во сезоната 2019/20 и одигра две и пол сезони на високо ниво, со професионален пристап и максимално залагање. Клубот му се заблагодарува и му посакува многу успеси во следните предизвици.

ПретходноПретседателот на Шкупи официјалната ФБ страна на клубот ја користи за лични пораки, фановите негодуваат!
СледноТРЧАЊЕТО ЌЕ ТЕ ПРОМЕНИ: Започнува пријавувањето за 19то издание на Виз Ер Скопски маратон!