Циркус во ПСЖ: Мбапе ги повика соиграчите да јадат здрава храна, а Нејмар веднаш замина во МекДоналдс! (ФОТО)

2601

И тоа го има во веројатно најбогатиот клуб во светот. И тоа го има во ПСЖ, каде што владее вистински циркус. Посебно она што го прави Нејмар, навистина се граничи со лудост.

Имено пред мечот со Баерн Минхен од ЛШ, а знаеме дека среде Париз тимот на ПСЖ загуби со 0:1, Мбапе јавно и тоа преку медиумите во една своја изјава, ги повика соиграчите да јадат здрава храна, да водат здрав живот се со цел да бидат во што подобра форма.

А, што направи Бразилецот?

Е, па веднаш по мечот со “баварците“ тој прво отиде во коцкарница, за да потоа со своето друштво беше во МекДоналдс.

И како да не ти оди на нерви?

Можеме само да претпоставиме што сега мисли Килијан Мбапе, кој и онака не крие дека не може да го смисли Нејмар.

Image

ПретходноАнчелоти: Асенсио ќе си оди? Баш ми е гајле!
СледноПик Сегед му го зеде скалпот на Кил!