Анчелоти: Асенсио ќе си оди? Баш ми е гајле!

640

Синоќа Реал Мадрид убедливо го победи Елче во меч од Ла Лига и тоа со 4:0. Стрелец на првиот гол беше Марко Асенсио. Фудбалерот кој веќе подолго време е меѓу “кралевите“, кој е дел од златната генерација на клубот.

Договорот му истекува во јуни, но засега нема информации дека тој би можел да го продолжи. Се шпекулира дека за него заинтересиран е Манчестер Јунајтед.

Во врска со ова, прашање имаше и до Карло Анчелоти, веднаш по мечот со Елче.

А, тој, на тоа прашање одговори…

Дали Асенсио ќе си оди или ќе остане во Реал Мадрид? Баш ми е гајле. Сите ние имаме тешки предизвици сезонава. Нека продолжи да постигнува голови, а потоа на крајот од сезоната раководството нека разговара со него“ истакна Анчелоти.

ПретходноФантастична кореографија на фановите на Трабзон: Турција е обединета, сите сме заедно….!(ВИДЕО)
СледноЦиркус во ПСЖ: Мбапе ги повика соиграчите да јадат здрава храна, а Нејмар веднаш замина во МекДоналдс! (ФОТО)