Германскиот гигант и шампион Баерн Минхен најверојатно ќе потпише нов мега-договор со долгогодишниот партнер „Алијанц“.
Според „Скај Германија“, шампионот во Бундеслигата веќе има партнерство со акционерот Алијанц од 2000 година, но сега спонзорскиот договор треба да биде продолжен за нови десет години до 2033 година со сериозно зголемување на сумата која ќе биде инвестирана во клубот.
Зголемувањето на приходите од новиот договор треба да биде 62,5%. Со новиот договор Баерн би инкасирал импресивни 13 милиони евра годишно наместо досегашните осум милиони евра.
„Новото“ партнерство на тој начин би имало вкупен обем од 130 милиони евра.