Влатко Стојановски и официјално, од денеска, е нов член на тимот на Септември од Софија, тим кој се натпреварува во елитната лига на таа земја.
Иако речиси се беше договорено со Шкупи, сепак до потпис не дојде со нашиот шампион откако повремениот репрезентативец и Шкендија ја раскинаа соработката.
Па така сега во наредниот период ќе го предводи тимот на Септември.