Ден по поразот од Баерн (М), Нејмар заминал да игра на турнир во покер (ФОТО)

410

Само ден по поразот од Баерн (М) во Лигата на шампионите, една од ѕвездите на ПСЖ, Нејмар заминал да игра на покер турнир.

Според француски извори, напаѓачот на ПСЖ учествувал на турнирот European Poker Tour во Париз. Во средата, Бразилецот бил забележан на покер маса на турнирот што се одржува во „Хајат Конкорд“ во Париз.

За учество на турнирот котизацијата е 10 илјади евра. Забележано е дека Нејмар брзо загубил, но успеал да се квалификува на вториот ден од турнирот, што значи дека и денеска ќе продолжи со покер-партии.

ПретходноМЗТ и Работнички – најтрофејни, од 1/4 финалистите само Пелистер и Кожув го немаат освоено Купот на Македонија!
СледноЛЕ: Судир на гигантите – Барселона го пречекува Манчестер Ј.