КЛ: Барди против Базел, Тричко на победа против Днипро

74

Попладнево на сцена се враќаат и тимовите кои останаа во битка за трофејот во Конференциската лига на УЕФА. Третиот по квалитет турнир на УЕФА денеска ги носи плеј-оф дуелите за осминафинале. За нас веројатно најинтересно ќе биде да ги проследиме настапите на тимовите во кои има наши интернационалци. Трабзонспор на Енис Барди во првиот меч е домаќин на екипата на швајцарски Базел со надеж дека ќе обезбеди пристојна предност пред реваншот. Ова ќе биде дуел на шампионот на Турција со вицешампионот на Швајцарија.

Тричковски и неговата АЕК Ларнака на домашен терен вечерва го пречекуваат украински Днипро. Кипраните играа солидно во првиот дел од сезоната и секако ќе се бодат да дојдат до победа. Сепак, фокусот вечерва ќе биде натпрварот меѓу Брага и Фиорентина. Ова се две од екипите кои имаат за цел да го освојат турнирот. За жал, само еден од нив ќе може да ја постигне оваа цел, а другиот ќе го заврши своето учество во прилично рана фаза.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

18.45 Бодо/Глимт – Лех Познањ

18.45 Брага – Фиорентина

18.45 Карабаг – Гент

18.45 Трабзонспор – Базел

21.00 АЕК Ларнака – Днипро-1

21.00 Лацио – Клуж

21.00 Лудогорец – Андерлехт

21.00 Шериф Тираспол – Партизан

Претходно11. ден се трага по Атсу: Две теории каде бил фудбалерот за време на земјотресот
СледноГачевски со порака до фановите: Не смееме да дозволиме Вардар да пропадне! (ВИДЕО)