КУП НА МАКЕДОНИЈА: Кожув само полесен тренинг, МЗТ Скопје лесно до полуфинале (ФОТО)

101

МЗТ Скопје ја оправда фаворитската улога против Кожув во првиот четвртфинален натпревар во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“. Актуелниот македонски првак против гевгелискиот состав славеше со убедливи 80-68.

Дамјан Стојановски и Вер имаа по 19 поени, со тоа што Американецот додаде и 11 асистенции, зад нив беше Мицовиќ со 16 поени. На другата страна Гордон имаше 21 поен.

Избраниците на Драган Николиќ одиграа како што најавија, не го потценија противникот, сериозно пристапија на мечот. Кожув само еднаш поведе на оваа средба, на стартот со 2-3. Кошаркарите на МЗТ Скопје отворија со 8-3, па дојдоа на 23-13, првата четвртина ја завршија со водство од 28-18.

Двоцифрената предност продолжи да расте и во следниот период, најголемата беше 16 поени, токму плусот на одморот изнесуваше толку (49-33.

Не се промени ништо и во продолжение, МЗТ Скопје дојде на плус 23 56-33 и 65-42, па до крајот ја имаше рутинската задача. Шанса добија и кошаркарите со мала минутажа.

По оваа средба во терминот од 14:30 следи дуелот меѓу Гостивар и Феникс.

ПретходноСудии за ВМФЛ: Ѓорѓиев од Штип ќе им суди на Вардар и Арсими, Иванов во Битола!
СледноМечевите од ПМФЛ и ВМФЛ ќе почнат со едноминутно молчење, во знак на настраданите во Турција и Сирија