Вториот полуфиналист во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ е тимот на Феникс кој славеше против Гостивар со 70-72. За разлика од првата четвртфинална средба во СРЦ „Кале“ каде МЗТ Скопје лесно се справи со Кожув, сега приказната беше поинаква.
Трајковски и Петков беа лидери во пресвртот, првиот постигна 25 поени и 15 скока, вториот 11. На другата страна Ефремовски 20 поени, Вучковиќ застана на 19 поени и 15 скока.
И овој пат двата тима одиграа неизвесен натпревар. Подобар во првата четвртина беше реалитвно кажано гостинскиот состав, имаше позитива од 19-23. И во следниот период, Феникс имаше и плус осум (25-33), на одморот истата се стопи на 31-35.
Гостивар добро ја отворија третата четвртинам со серија од 6-1 поведе со 39-38 и целосно ја врати неизвесноста. Водството постојано се менуваше, минималните 51-52 во корист на Феникс беа најава за нови возбудливи десет минути.
И така беше, ниту една од двете екипи не дојде до водство кое може да гарантира победа.
Првиот чекор го направи Гостивар со поените на Митевски и Вучковиќ дојде на 66-62 на две минути на крајот. Дервишевиќ повика тајм-аут, вроди плод, Феникс преку Петков и Трајковски израмни на 66-66. По тајм-аутот на Гостивар, Ефремовски не погоди тројка, тоа на другата страна го стори Петков за 66-69.
Ефремовски погоди едно слободно фрлање, Гостивар остана во напад, Исајловски со тројка го врати водството 70-69. Најискусниот кошаркар на Феникс, Трајковски се најде на линијата за слободни фрлања, не погреши за 70-71. До крајот останаа 14 секунди, не ги искористи Гостивар.