ЛЕ: Реми со четири гола меѓу Барса и Јунајтед, а Рома поразена во Салцбург (видео)

123

Првиот меч од 1/16 финалето на Лига Европа помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед одигран на „Ноу Камп“ заврши без победник 2:2. Сите голови паднаа во второто полувреме. Прво резултатот го отвори Барселона кога по нафрлувањето на Рафиња од корнер со глава погоди Маркос Алонсо.

Но три минути подоцна по еден контра напад на Јунајтед, Маркус Рашфорд ја затресе мрежата на Тер Штеген. А шест минути подоцна нафрлување од десната страна, а Жулс Кунде се обиде да блокира меѓутоа топката заврши во мрежата. Судијата ја провери ситуацијата на монитор за претходен офсајд но го призна голот.

Сепак, во 76 минута Барса изедначи. Рафиња мина низ одбраната и со прецизен шут го совлада голманот на Јунајтед. Имаше Барса уште две шанси во финишот на мечот за победа но резултатот остана 2:2.

А Рома е поразена на гостувањето во Салцбург. Австријците победија со голот на Капалдо во 88 минута.

Следуваат реванши на 23 февруари.

РЕЗУЛТАТИ
АЈАКС – УНИОН                0:0
БАРСЕЛОНА – МАН.ЈУНАЈТЕД   2:2
САЛЦБУРГ – РОМА         1:0
ШАХТЈОР – РЕН                2:1
БАЕР Л. – МОНАКО         21:00 ч.
ЈУВЕНТУС – НАНТ             21:00 ч.
СЕВИЉА – ПСЗВ               21:00 ч.
СПОРТИНГ – МИТЈИЛАНД           21:00 ч.

ПретходноПик Сегед му го зеде скалпот на Кил!
СледноЛК: Трабзон и Барди го совладаа Базел, а Фиорентина веќе се спрема за 1/8 финале