Вечерва се враќаат и возбудувањата во Лигата на Европа и тоа со т.н. плеј-оф коло за место во осминафиналето на вториот по квалитет турнир на УЕФА. Неколку интересни пресметки го привлекуваат вниманието, но сепак, во фокусот ќе биде пресметката на „Камп Ноу“ каде ќе се судрат европските гиганти Барселона и Манчестер Ј.
Двата тима важат за фаворити на турнирот, но ждрепката сакаше тие уште во оваа фаза да ги одмерат силите, по што еден тим ќе мора да се збогува од натпреварувањето.
Барселона ќе игра во овој плеј-оф откако изненадувачки испадна од Лигата на шампионите завршувајќи на третото место во групата „Ц“. Манчестер Јунајтед стигна до оваа фаза завршувајќи на второто место во групата „Е“ од Лигата на Европа зад Реал Сосиедад. Двете екипи се во одлична форма во последно време и можеме да очекуваме прилично возбудливи меѓусебни пресметки.
Вториот тим во фокусот ќе биде италијански Јувентус кој по сите турбуленции во кои се најде сезонава денеска го пречекува француски Нант во првата битка за осминафиналето. Италијанците се надеваат дека европските купови можат да ја спасат сезоната, па за нив ќе биде од исклучително значење да се мине оваа рунда.
ВЕРОЈАТНИ СОСТАВИ:
Барселона: Тер Штеген; Кунде, Араухо, Кристенсен, Алба; Педри, Де Јонг, Кеси; Рафиња, Левандовски, Гави
Манчестер Јунајтед: Де хеа; Дало, Варан, Шо, Маласија; Касемиро, Фред; Санчо, Фернандеш, Рашфорд; Вегхорст
ЛИГА НА ЕВРОПА:
ПЛЕЈ-ОФ:
18.45 Ајакс – Унион Берлин
18.45 Барселона – Манчестер Јунајтед
18.45 Салцбург – Рома
18.45 Шахтјор – Рен
21.00 Баер (Л) – Монако
21.00 Јувентус – Нант
21.00 Севиља – ПСВ
21.00 Спортинг (Л) – Митјиланд