Екипата на Трабзон го совлада Базел со 1:0 во првиот меч од 1/16 финалето во Лигата на конференции. Во меч исполнет со многу емоции и фантастична кореографија на трибините, тимот на Трабзон успеа да победи со голот на Стригер Ларсен во 65 минута.
Данскиот играч за врска влезе на почетокот на второто полувреме и ја донесе победата. Во 78 минута Трабзон постигна уште еден гол кој беше поништен поради офсајд.
Македонскиот интернационалец Енис Барди го преседе целиот меч на клупата.
А Фиорентина веќе може да се спрема за осминафинале. „Виолетовите“ вечерва славеа со 4:0 на гостувањето кај Брага. По два гола постигнаа Лука Јовиќ и Артур Кабрал.
РЕЗУЛТАТИ
БОДО/ГЛИМТ – ЛЕХ 0:0
БРАГА – ФИОРЕНТИНА 0:4
КАРАБАХ – ГЕНТ 1:0
ТРАБЗОН – БАЗЕЛ 1:0
АЕК ЛАРНАКА – ДНИПРО 21:00 ч.
ЛАЦИО – КЛУЖ 21:00 ч.
ЛУДОГОРЕЦ – АНДЕРЛЕХТ 21:00 ч.
ШЕРИФ – ПАРТИЗАН 21:00 ч.