Денеска стартува јубилејното 30 издание на Купот на Македонија кој го носи името на Благоја Георгиевски Буштур. Бранител на трофејот е ТФТ, додека МЗТ Скопје и Работнички се единствените екипи со по десет освоени пехари.
На денешната програма се закажани четвртфиналните битки. Први на теренот ќе истрчаат МЗТ Скопје и Кожув, дуелот е закажан со почеток во 12 часот. Фаворит е актуелниот македонски првак, но на вакви натпреварувања овие улоги често пати знаат да паднат во вода. Нема поправен, тимот кој ќе биде помотивиран и физички подготвен ќе успее да го подигне пехарот.
Ова му е јасно и на тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ кој со респект гледа кон противникот. На другата страна пак актуелниот селектор, Александар Јончевски, кој ги живна гевгеличани ќе се обиде да им го донесе првиот трофеј.
Во терминот од 14:30 часот, силите ќе ги одмерат Гостивар и Феникс, ова ќе биде една од поинтересните пресметки во четвртфиналето. Двата тима во првенството имаат одиграно пет средби, во водство е Феникс има три победи.
Пелистер – Еуро Никел ја сочинуваат третата четвртфинална двојка, мечот е закажан во 17 часот. Во Битола се уште се немаат израдувано на пехарот, додека пак Кавадарци двапати се славеше Куп трофејот.
Маратонот во СРЦ „Кале“ ќе биде затворен со мечот меѓу Работнички и бранителот, ТФТ. Станува збор за дерби натпревар, овие два тима се сретнаа во четвртфиналето во 2021 година, победник излезе најтрофејниот кошаркарски колектив. Последната средба заврши исто со тесна победа на Работнички, кој посакува со освојување на Купот на Македонија да покаже дека навистина се враќа во старите добри денови кога беше кошаркарска институција.
Влезот за сите мечеви ќе биде слободен.
КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“ 2023 – СКОПЈЕ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
МАЖИ–ДВОЈКИ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ
16. ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК)
12.00: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (1)
14.30: Гостивар – Феникс 2010 (2)
17.00: Пелистер – Еуро Никел 2005 (3)
19.30: Работнички – ТФТ (4)