Мираковски разочаран: Имавме малку расположени играчи за победа!

304

Работнички не успеа да дојде до полуфиналето во Купот на Македонија, уште во четвртфиналето згасна надежта дека би можел да го освои пехарот. Бранителот на титулата, ТФТ успеа да ги казни сите недостатоци на најтрофејниот, го совлада со 73-78.

По мечот, очекувано Димитар Мираковски, тренерот на Работнички беше разочаран, најави промени за време на паузата.

„Влеговме нервозно во мечот, игравме надвор од секоја концепција, уште на почетокот го загубивме овој меч. Не го сопревме Костоски, а кога промашија неколку шутети нападот ни беше очаен. Кога играме со тројца плејмејкери не ја движиме топката, кога играме со висока петорка сме статични. Имавме премалку расположени играчи за да се добие ваков меч. Следи пауза, мора да се решат некои работи со дел од кошаркарите, мора да се консолидираме“, изјави Мираковски. 

ПретходноТашовски пред дуелот со МЗТ: Не се плашиме од никого! Смилковски веќе го виде Пелистер во финале, заедно со ТФТ!
СледноРеал им го дадe Фран за „џабе“ на Рајо, сега ќе го купат од таму