НБА ги објави учесниците во шутирање „тројки“ и „забивање“ на Ол-Стар викендот

518

НБА лигата ги објави имињата на кошаркарите, кои ќе учествуваат на натпреварите за шутирање „тројки“, натпреварот во забивање и „натпреварот во вештини“ за време на Ол-стар натпреварот во Солт Лејк Сити кој е на програмата овој викенд. Сите три настани се закажани за сабота, 18 февруари.

Во конкуренција за „најдобри тројкаши“ ќе бидат: Тајрис Халибартон (Индијана), Тајлер Хиро (Мајами), Бади Хилд (Индијана), Кевин Вертер (Сакраменто), Демијан Лилард (Портланд), Лаури Марканен (Јута), Анферни Симонс ( Портланд) и Џејсон Тејтум (Бостон).

За титулата „најдобар забивач“ ќе се натпреваруваат Деричо Симс (Њујорк), Треј Марфи (Њу Орлеанс), Мек Мекланг (Филаделфија) и Кеј Џи Мартин (Хјустон).

На почетокот на саботната програма ќе се одржи и „натпреварот во вештини“, каде ќе се натпреваруваат три екипи од по три члена. Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокумбо на ова натпреварување ќе учествува со браќата Танасис и Алекс.

Покрај нив во тимот на „џезерите“ ќе бидат и Џордан Кларксон, Вокер Кеслер и Колин Секстон. Во тимот на „руки“ се Паоло Банкеро од Орландо, Џабари Смит од Хјустон и Џејден Ајви од Детроит.

ПретходноПо Салернитана, и Специја му врачи отказ на тренерот
СледноМЗТ и Работнички – најтрофејни, од 1/4 финалистите само Пелистер и Кожув го немаат освоено Купот на Македонија!